Голем раст на крипто измамите во светот, еве како најчесто тие се случуваат

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Крипто-измамниците годинава украле околу 7,7 милијарди долари, што е за 81 отсто повеќе отколку во 2020 година. Повеќе од 2,8 милијарди долари дојдоа од таканареченото „влечење на тепих“ – најчестата крипто измама, во која измамниците претставуваат нешто што изгледа целосно легитимно, со цел да се привлечат инвеститори, тие да ја купат криптовалутата, а потоа сето тоа да исчезне.

Извештајот за годишната вредност на крипто-измамата е обезбеден од платформата Chainalysis, компанија за анализа на податоци од Блокчејн, пишува blog.chainalysis.

Кога ќе се „повлече тепихот“, измамниците ги празнат средствата од фондот за ликвидност, со што вредноста на токенот паѓа на нула, а потоа исчезнува. Една од најголемите измами годинава е Тодекс-турската берза, каде корисниците изгубија приближно две милијарди долари, по што извршниот директор на берзата одеднаш „исчезна“.

Друга голема измама со влечење тепих е „Squid Token“, базиран на серијата „Squid Game“, во која корисниците изгубија околу 12 милиони долари во вредност.

Во 2020 година, крипто-измамите паднаа во споредба со 2019 година, но скокнаа за 81 отсто во 2021 година. Chainalysis тврди дека, поради ориентацијата кон нови корисници, кампањите за измама претставуваат сериозна пречка за идното прифаќање криптовалутите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот