Голем ракометен талент му се нуди на Вардар! (ВИДЕО)

Фото: Opstina Berane

Со ракомет се занимава од својата 12 година, може да игра на позициите лев и централен бек. Беше дел од У16 и У18 репрезентацијата на Црна Гора,  а моментно ги брани боите на ракометниот клуб Рудар од Пљевља.

Немања Ѓурашковиќ (19) моментно е член на јуниорската црногорска репрезентација. Претходно беше дел од РК Иванград со кој беше шампион во пионерската и кадетската лига на Црна Гора, а триумфираше и на меѓународен турнир во Краљево.

Во интервјуто за црногорскиот веб портал „antenam.net“, говореше за своите почетоци и воедно ја откри желбата во кој би сакал во иднина да настапува:

– Пред сè јас го сакам ова што го работам и тоа би рекол е остварување на некој мој сон. Би сакал еден ден да играм за Вардар од Скопје и секако во Лигата на шампионите – рече Ѓурашковиќ.

Македонскиот шампион Вардар за период од три години двапати ја освои титулата во ЛШ во 2017 и 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот