Голем проблем за АБА лигата, 14 заразени во една екипа!

Според последните информации во хрватскиот кошаркарски клуб Цибона од Загреб се потврдени дури 14 случаи на коронавирус.
Ова е голем удар за Хрватите, вкупно 14 члена од стручниот штаб и составот се позитивни на Ковид-19.
Coronavirus hits hard Cibona Zagreb. 14 players and coaches tested positive today for COVID-19.
— Vedran Modrić (@vedranmo) August 26, 2020
Засега нема информации дали некој од Цибона покажал симптоми на болеста.
Ова е голем проблем за почетокот на сезоната во АБА лигата, одреден број на заразени лица се појавија и во Сплит, Задар и Игокеа.
Босанската Игокеа дури и се пријави да организира во „балон“ како по примерот на НБА, на едно место Лакташи да се одиграат првите шест кола во регионалниот шампионат, но сега е прашање дали ќе се создадат навреме услови за такво нешто.