Голем проблем во најава: Како ќе се одигра мечот Сити-Реал?

фото: твитер

Следниот месец треба да се вратат возбудувањата и во Лигата на шампионите, а откако ќе завршат преостанатите реванш осминафинални натпревари, ќе се игра „Фајнал ејт“ во Португалија.

Еден од реванш мечевите во осминафиналето е оној помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид на „Етихад“. После првите 90 минути „граѓаните“ имаат предност (2:1) од Мадрид.

Но, во најава се големи проблеми за УЕФА, Сити и Реал. По последната одлука на британската влада, се појавија многу прашалници во врска со организацијата на оваа средба.

Од синоќа во Велика Британија повторно е на сила 14-дневен задолжителен карантин за луѓето кои доаѓаат од Шпанија. Едно од прашањата што се поставува е дали карантинот важи за сите лица или од истиот ќе бидат ослободени оние кои доаѓаат во земјата со работна обврска.

Задолжителниот карантин ќе биде голем проблем за одигрување на мечот, тешко дека истиот ќе го направат „кралевите“ (кои и натаму се во Шпанија и тренираат) со оглед на тоа што на 7 август се игра реваншот.

За да се одигра натпреварот на „Етихад“, Реал можеби ќе мора да добие специјално „помилување“. Во спротивно можно е возвратниот дуел да се игра на неутрален терен, но тогаш Сити сигурно би имал приговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот