Голем пожар во тетовското село Вејце: Пет објекти изгореа, повредени четири лица

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Од Итната медицинска помош на самото место е пружена помош на четири лица, а едно лице е однесено на интерно одделение за понатамошни испитувања.

Четири лица со полесни повреди, еден хоспитализиран за испитување, изгорени вкупно пет објекти-куќи и штали со добиток е билансот од пожарот што вчера попладне се случи во тетовското планинско село Вејце. Пожарот започнал во 16 часот, а биле потребни неколку часа за да се изгаси и ликвидира.

– Интервениравме со два противпожарни камиони и седум пожарникари. Дадовме максимум да го ставиме под контрола. Имаше ветер што придонесе за ширење на огнот – истакна Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Од Итната медицинска помош на самото место е пружена помош на четири лица, а едно лице е однесено на интерно одделение за понатамошни испитувања.

Мештаните на кои им изгореле шталите имаат штета и поради тоа што им изгорел и дел од добитокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот