Голем пожар во струмичко, гори површина од околу 20 хектари

Фото: МИА/ТППЕ Струмица

Околу 13:45 часот во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица избувна голем пожар на отворено при што се зафатени стрништа, сува трева и дрвја. Како што информираа од ТППЕ Струмица, гори површина од околу 20 хектари во должина од три километри покрај реката Струмица.

Пожарот го гасне ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и девет пожарникари.

-Пожарот е во разгорена фаза, а силниот ветар го забрзува неговото ширење. Моментално е спречено движењето на пожарот кон село Зубово и кон блиските објекти и голем дел од пожарот е под контрола, информираат од ТППЕ Струмица.

Продолжува гаснењето на пожарот, а екипи на струмичките пожарникари остануваат на терен до целосно изгаснување на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот