Голем пожар во Лос Анџелес, 200 пожарникари го гаснат (ВИДЕО)

epa08472833 Flames and smoke rise in the hills as around twenty acres burnt next to Tapia Canyon Road near Castaic, North-West of Los Angeles, California, USA, 08 June 2020. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Двајца пожарникари во текот на гаснењето се повредени и веднаш им е пружена помош.

Голем пожар изби денеска во населбата Бел-Ер, во Лос Анџелес во Калифорнија, пишува ЛА Тајмс.

Пожарникарите со пожарот се бореа околу три часа по што го доведоа под контрола. Се проценува дека изгореле околу педесет хектари трева.

Во акцијата на гаснење на пожарот учествувале околу 200 пожарникари. Двајца во текот на гаснењето се повредени и веднаш им е пружена помош.

Пожарот не претставуваше опасност за куќите па не била потребна евакуација, но и покрај тоа пожарникарите презедоа мерки за претпазливост и поставија обрамбени структури кои ги бранеа куќите од можно опожарување.

Освен пожарникари на терен, пожарот бил гаснет и од воздух со ер – хеликоптер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот