Голем пожар во фабрика за рециклирање пластика во Атина, се шири опасен чад

Голем пожар избувна утрово во фабрика за рециклирање пластика во предградието Метаморфоси во северниот дел на Атина, затворен е дел од автопатот кон Ламиа, додека пак посебна загриженост предизвикува густиот отровен чад, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, освен што соопштија упатства до граѓаните, испратија порака до мобилните телефони на жителите на Атина, преку бројот за итни случаи со која предупредуваат за опасниот чад.

-Затворете ги сите врати и прозорци. Избегнете движења. Пожар во фабрика за пластика во вашиот регион, опасен чад. Вдишувњето на чадот може да биде опасно, пишува во пораката.

Дополнително, со упатства за граѓаните кои живеат во близина излезе и периферијата Атика.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 49 пожарникари со 14 возила, два хеликоптери, волонтери и цистерни од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот