ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БОЛНИЦА ВО БРАЗИЛ: Најмалку 11 пациенти загинаа (ВИДЕО)

Најмалку 11 пациенти загинаа во страшниот пожар во болницата Бадим во Рио де Женеиро.

Десетици пациенти и вработени во болницата се повредени, а меѓу повредените има и четворица пожарникари.

Пожарот избувнал во болницата Бадим во северниот дел на Рио околу 6.30 часот по локално време, а на ТВ-снимките се прикажани евакуирани пациенти кои лежат во креветите на улицата, опкружени со медицински сестри и доктори.

Причината за пожарот се чини дека е краток спој.

Од болницата соопштија дека во моментот на пожарот биле хоспитализирани 103 пациенти, а пожарникарите соопштиле дека најмалку 90 се пренесени во други болници. Пожарникарите биле во можност да го изгаснат пожарот за околу два часа, објавија локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот