Голем пожар во близина на селото Царев Двор

Голем пожар попладнево избувнал во близина на селото Царев Двор, информира командирот на Територијалната противпожарна единица во Ресен, Ристе Илиевски.

Според него, пожарот во ресенската пожарна бил пријавен во 14 часот, а нивни екипи интервенираат на терен со две противпожарни возила и четворица пожарникари.

– Гори ѓубре, сува трева, овошни насади и бавчи. Зафатена е голема површина. Пожарот се шири од селото Царев Двор кон паркот на природата „Езрани”, но нема опасност за куќите, изјави Илиевски за МИА.

Првичните информации покажуваат дека е предизвикана голема материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот