Голем пожар во близина на аеродромот во Берлин

Голем пожар избувна во северен Берлин, во близина на аеродромот Тегел. Горат складишта и засега нема информации за евентуални жртви. Според градската противпожарна служба, причините за пожарот сè уште не се познати.

„Изгореа неколку магацини. 110 пожарникари се борат со пожарот, кој ги зафати магацините од речиси сите страни”, соопшти преку Твитер противпожарната служба.

Од огнот се издига огромен чад, што може да се види од различни делови на градот. Од граѓаните се бара да ги затворат прозорците.

Полицијата ги блокираше улиците и ги луѓето да го избегнуваат тој дел од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот