Голем пожар во Аеродром, изгореа повеќе возила кај „Скопјанка“

Противпожарно возило / илустрација Фото: МИА

Вчераутро во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ во населбата Аеродром настанал пожар во комбе „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т.(59), при што биле зафатени повеќе други возила, соопшти МВР.

Изгореле или тешко се оштетени и „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, „Опел Вектра“ со кочански „Цитроен“ со скопски регистарски таблички, патничко возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „Тојота“ со скопски таблички.

При обид да го изгасне пожарот, Т.Т. вдишил чад и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, по што бил извршен увид, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот