Голем пожар на пристаништето во Бејрут: Гори складиште со масло и гуми (ВИДЕО)

Фото: sozcu.com.tr

Пожар изби во складиште за масло и гуми во бесцаринската зона на пристаништето во Бејрут, стои во пораката на либанската војска на Твитер.

Гасењето на пожарот е во тек и, како што пренесува „Си-Ен-Ен“, во акцијата учествувааат и воени хеликоптери.

На снимките на социјалните мрежи се гледа голем облак од црн чад која се шири од локацијата што неодамна беше потресена од стравична експлозија.

Пред нешто повеќе од еден месец, во стравична експлозија на пристаништето во Бејрут, загинаа над 170 лица, а повеќе од 6.000 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот