Голем пожар на Кипар во должина од 20 километри

Преку копно и од воздух, противпожарните служби на Кипар се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу градовите Пафос и Лимасол, а активни се жаришта во должина од околу 20 километри, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар, пожарот избувнал во три часот утрово, во гаснењето учествуваат пожарникари со над 30 возила, активиран е специјалниот план за интервенција со авиони, а превентивно е евакуирано едно село.

Според кипарските медиуми, кај властите постојат сомнежи дека пожарот е подметнат, бидејќи во должина од 20 километри има десетици жаришта, за што директорот на Одделот за шуми за кипарската новинска агенција ЦНА вели дека „покажува дека некој се движел меѓу селата и палел”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот