Голем пад на продажбата на нови автомобили во Европа

Најголем пад од 76,3 отсто е регистриран во април, додека во мај намалената побарувачка за нови автомобили изнесуваше 52,3 проценти.

Побарувачката на нови автомобили во Европа забележа голем пад во првата половина од годината поради пандемијата со Ковид-19, а најголемо намалување, речиси двојно има во Хрватска, Шпанија и Италија, соопшти Европска асоцијација на производители на автомобили.

Во земјите-членки на Европска Унија побарувачката за нови автомобили бележи пад од март, кога се воведоа строги мерки за сузбивање на новиот корнавирус. Граѓаните имаа ограничено движење, а многу компании, вклучително и автосалоните беа затворени.

Најголем пад од 76,3 отсто е регистриран во април, додека во мај намалената побарувачка за нови автомобили изнесуваше 52,3 проценти.

Во првите шест месеци од годината во земјите-членки на ЕУ регистрирани се 4,28 милиони нови автомобили, што е за 38,1 проценти помалку во споредба со првата половина од 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот