Голем неделен хороскоп (8-14 август): Лавовите ќе се справат со сè, Стрелците ќе имаат многу среќа

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Сериозно ќе размислувате да се впуштите во приватно претприемништво или да ја смените работата. Не избрзувајте со одлуките, имате доволно време детално да анализирате колку ви вреди промената. Деновиве што следат ве очекува вистинска ренесанса во полето на љубовта и семејните односи, затоа уживајте без резерва. Доколку сакате врска, овој период би можеле да запознаете личност која ќе ве заинтересира. Патот до љубовта ќе го пронајдете преку пријателство и дружење во поголем круг на луѓе. Нема подобро време од ова за да започнете диета и да објавите „војна“ на вишокот килограми. Ќе бидете храбри и упорни, па вежбањето нема да ви претставува проблем.

Бик

Поддршката на Меркур ќе биде одговорна за вашата поголема репутација во деловното опкружување. Може да добиете награда за вашата работа или да уживате поголема популарност меѓу колегите. Време е да се наметнете, оваа недела, ќе успеете во вашите замисли. Вашиот шарм и привлечност ќе бидат не пиедестал, а со нив едноставно ќе бидете исполенти со позитивна енергија. Се чувствувате способни да ги истуркате противниците од играта. Ќе бидете зависни од саканата личност, а тоа ќе ја импресионира другата страна. Треба да најдете начин да се опуштите. На некои ќе им помогне релаксирачка купка, а на други лесна прошетка. Грижете се за вашето здравје.

Близнаци

Може да добиете награда за вашата работа или да остварите значителна заработка од сработеното, продажба или трговија. Пазете се од непотребни трошоци, бидете практични и паметно купувајте. Колку повеќе се дружите на вашиот партнер му влевате сигурност и поголема желба да ужива во вашата топлина и забавен талент. Ова е вистински момент за брак, освојување или едноставно флертување. Венера позитивно влијае на вас и ве прави симпатични за оние околу вас и внесува шарм во вашиот начин на комуникација. Посветете се на спорт и рекреација кои ќе ви помогнат да го потрошите вишокот енергија на конструктивен начин. Се наоѓате во одличен период, па не ви се закануваат поголеми стресови или здравствени нарушувања.

Рак

Иако нема да ви биде лесно поради фактот што ќе се преоптоварувате, не се штедете. Најдобрите можности допрва доаѓаат, затоа искористете ја својата енергија, знаење и таленти и прифатете ги шансите. Немојте да бидете толку фокусирани на работата. Наместо тоа, одете некаде на море со семејството и забавувајте се, бидејќи промената на средината ќе има стимулирачки ефект врз вашата врска. Слободните ќе бидат привлечени од личност која ужива висока репутација во нивните општествени и деловни кругови. Деловните или семејните грижи ќе влијаат на вашето здравје. Повеќето проблеми ќе бидат тесно поврзани со насобраниот стрес.

Лав

Без проблем ќе се справувате со најразлични обврски. Доколку се занимавате со бизнис поврзан со комуникациите, ќе остварите важни контакти кои ќе се покажат како многу корисни во иднина. Венера на 12 август преминува во вашиот знак. Слободните Лавови треба да обрнат внимание на интересна личност која ќе ги освои не само со атрактивниот изглед туку и со завидните интелектуални способности. Брачните односи и врски дополнително ќе се зајакнат со квалитетна комуникација. Поради исцрпеност и замор, имунитетот ви опаѓа, затоа збогатете ја исхраната со свежо овошје и зеленчук. Ќе имате зголемена потреба за побогат социјален живот и излегување, но и за занимавање со запоставени хоби.

Девица

Сè што застанало и ве мачело со својата неизвесност ќе се продвижи напред. Ќе бидете отворени за апсорпција на нови знаења. Ќе се изразите со креативни и практични решенија. Во љубовта искуствата од минатото ќе влијаат на настаните и ќе го намалат вашето задоволство од моменталната ситуација. Имате тенденција да ги криете своите чувства. Ќе ви биде тешко да го разберете партнерот – не се сомневајте толку. Вашите обвинувања против вашата сакана личност се несоодветни и претерани. Без разлика на пријатните контакти со околината, оваа недела ќе ви бидат потребни моменти на осаменост и одмор за да се соберете повеќе енергија.

Вага

Неделава тешко ќе наоѓате мотивација да ги извршувате и најбаналните задачи. Ќе треба да преземете дел од работата на колегите и да работите повеќе за туѓа егзистенција. Некои луѓе се обидуваат да ја злоупотребат вашата добрина. Оваа недела е одлична за се што е поврзано со патувања или контакти со далечни места. Вагите би можеле, на патување или додека престојуваат на некоја од приморска дестинација, да запознаат нова љубов. Вашата врска многу брзо ќе се претвори во страсна врска. Подобрете го вашиот социјален живот, а работата оставете ја на страна. Потребна ви е што повеќе забава и добро друштво.

Скорпија

Обврските ќе бараат поголем ментален напор од вас. Внимавајте некој да не ви наштети кога се во прашање финансиите. Може да напредувате, но некој силно ќе ви се спротивстави или ќе ве кочи. Работете повеќе на комуникацијата со партнерот, бидејќи вашиот однос може сериозно да се влоши. Љубовната криза ќе се засили кон крајот на неделата. Партнерот ќе ве стави во тесна ситуација и ќе мора брзо да одлучите нешто. Доколку сте слободни, во вашиот живот наскоро влегуваат нови луѓе. Оваа недела ќе чувствувате зголемен замор, раздразливост и несоница. Најдобро ќе се ослободите од менталниот замор и деконцентрација со зголемен внес на витамини и уреден начин на живот.

Стрелец

Врските и познанствата ќе бидат од клучно значење за напредок. Доколку соработувате со странски земји, ве очекуваат позитивни вести. Среќата ќе ве придружува при полагање испити и финансиски потфати. Некои ќе напредуваат. Вашиот шарм, а особено комуникациските вештини ќе придонесат за успех во љубовта. Може да ви се случи нова љубов или ќе ги испеглате разликите со партнерот и ќе почнете од почеток. Доколку сте во брак, можни се привремени кавги поради карактерни разлики. Во одличен период сте, па не би требало да имате преголеми проблеми. Доколку ги има, тие ќе бидат минливи и нема да остават последици. Посветете се на нега и разубавување на телото, променете ја фризурата и бојата на косата.

Јарец

Можноста да напредувате или да постигнете некоја од вашите деловни ќе натера многумина да работат прекувремено. Можни се нови партнерства, обновување на старите и докажани врски, па дури и соработка со некој од кругот на семејството. Партнерот ќе ви пружи поголема поддршка, но не и изливи на љубов. Можеби причината е вашата љубомора која го одбива од вас. Намалете ја недовербата и врската ќе се зајакне. Ако сте во врска, ќе биде потребна голема меѓусебна толеранција за работите да функционираат. И покрај напорниот и преполн дневен распоред, вие ќе бидете полни со енергија. Можна е појава на психолошки замор и прекумерна пожртвуваност за сопствената благосостојба.

Водолија

Односот со колегите ќе трпи поради недостаток на комуникација и соработка. Оваа недела ќе ви недостига мотивација, а вашата работа ќе биде критикувана. Од вас се очекува невозможното, па овој товар ќе ве вознемири. Не дозволувајте роднините и родителите со своите совети да ви ја нарушат љубовната хармонија. Смирете го вашиот темперамент бидејќи кавгите нема да ви помогнат правилно да расудувате. Избегнувајте склоност кон претерување бидејќи така само ќе го оддалечите партнерот од себе. На вашето тело ќе му треба многу повеќе одмор и сон. Во спротивно, очекувајте пад на имунитетот и зголемена нервоза. Внимавајте на вашето здравје бидејќи некои ситуации, особено деловните, ќе ве направат прилично слаби и нервозни.

Риби

Движењето на Меркур низ вашето деловно поле ќе влијае на зголемување на заработката или ќе ве поттикне на поголеми инвестиции, на пример во недвижен имот. Доколку очекувате вреден подарок или наследство сега се големи шансите за широка насмевка на вашето лице. Ќе бидете сомничави кон партнерот, што ќе доведе до вербални судири. Контролирајте го вашиот темперамент и размислете добро пред да почнете да обвинувате. На некои може да почне да им се допаѓа некоја нова личност. Ќе сфатите дека малку сте го запоставиле изгледот. Време е да се подновите со нешто. Одлично време е да започнете да се грижите за себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот