Голем неделен хороскоп (4-10 јули): Близaнците ќе уживаат во романтика, Скорпиите ги очекуваат искушенија

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Оваа недела на работа ќе бидете нетрпеливи, склони кон критики и нема да сакате да ги признаете своите грешки. Иако самите ќе предизвикувате конфликти, ќе ве нервира недостатокот на стабилност и доверба во меѓучовечките односи. На љубовно поле би можеле да се соочите со врска со личност која живее во друг град или да запознаете некого преку пријател кој ќе ви се допадне поради своите ставови за животот и интелигенцијата. Поактивиот социјален живот ќе ви помагне да бидете поопуштени, а со тоа и постраствени. Поминувајте што е можно повеќе време во природа, но избегнувајте да се движите на топло време.

Бик

Ќе се уверите во сопствената популарност во некои деловни кругови. Повеќе фокусирајте се на корисни пријателства и деловни односи отколку на самопожртвувана работа, која ќе ве исцрпи. На љубовно поле ве очекуваат еден куп настани, состаноци и патувања кои ќе ви влеат ведрина во животот. Трезвено ќе ги одредите своите љубовни желби и правилно ќе ја насочите вашата емотивна енергија. Партнерот ќе ве поттикне и мотивира да се докажете на работа. Ќе бидете успешни и во заедничка деловна соработка. Марс влегува во вашиот знак, па обидете се да се ослободите од нервозата и напнатоста со некои техники за релаксација. Земете си неколку слободни дена.

Близнаци

Некои хонорарни ангажмани ќе ви донесат повеќе пари отколку што очекувавте. Доколку се занимавате со нешто поврзано со туризмот, угостителството, новинарството, медиумите или телекомуникациите оваа недела ќе ви биде успешна во секоја смисла. Венера ќе биде во вашиот знак и ќе ви ја отвори вратата кон светот на романтиката. Околу вас ќе има се повеќе додворувачи, па нема да можете да се пожалите дека ви е досадно. Многу Близнаци ќе ја најдат својата сродна душа, ќе го искусат првиот бакнеж, ќе ги решат брачните проблеми или ќе ја однесат постоечката врска на ново ниво.

Рак

Ќе барате нови извори на информации и ќе бидете во тек со настаните. Луѓето ќе бараат совет или мислење од вас, ќе го ценат она што го кажувате или правите. Многумина добро ќе се снајдат во улогата на лидер, а за тоа ќе им помогне Меркур. Некој буди чувства во вас, но разумот ви кажува да се држите настрана. Вашиот пристап е правилен. Не губете ја главата пред да бидете сигурни дека другата страна е искрена. Станбените и финансиските проблеми ќе ве измачуваат и ќе бидат тема на дискусија за Раковите кои се во сериозна врска или брак. Задржете ја насмевката на лицето, не дозволувајте никој да ви го расипе расположението.

Лав

Некои промени на работа ве туркаат на поблиска соработка со колегите. Не се исклучени кавги и разлики во мислењата, но успешно ќе се справите со тоа. Не трошете премногу ментална и физичка енергија за да докажете дека сте во право. Венера во Близнаци ќе ја истакне вашата привлечност и ќе ги поттикне луѓето околу вас да ве набљудуваат и запознаат. Ќе ве привлекуваат образовани и духовни личности со кои ќе можете да разговарате со часови. Потрудете во слободно време да се движите што повеќе и да поминувате време на чист воздух. Дружете се со вашите пријатели, искористете го поривот на позитивна енергија, ќе бидете добредојден гостин на сечија забава.

Девица

Некој ќе ве прашува за совет, а вашите надредени повеќе ќе се потпираат на вас. Оваа недела ќе бидете особено вешти во справувањето со ривалите и решавањето на проблемите – интуицијата ќе биде вашето најсилно оружје. Нема да бидете сигурни во сопствените чувства или ќе се сомневате во партнерот. Не се повлекувајте во себе, туку разговарајте со саканата личност. Љубомората непотребно ќе ја расипе врската. Доколку сте сами, ве очекува нова љубов која се „крие“ во личност која ја познавате од порано. Луѓето околу вас ќе забележат подобрување на вашето расположение кон крајот на неделата, а ќе добивате и комплименти за физичкиот изглед. Ќе се чувствувате одлично, а со оптимизам и добро расположение ќе бидете омилени во друштвото.

Вага

Марс во Бик ќе ја истакне вашата тврдоглавост и ќе предизвика пречки во исполнувањето на плановите, затоа бидете посмирени особено ако се занимавате со пензиско, здравствено осигурување или финансиски прашања. Ве очекуваат нови љубовни почетици. Оваа недела би можеле да се зближите со личност која живее во друг град, а оние кои деновиве се на одмор имаат особено големи шанси за нови познанства. Избегнувајте прекумерни напори и пронајдете адекватен начин за ослободување од стресот. Потребен ви е одмор и што помалку психофизички стрес. Држете се настрана од луѓе кои бараат премногу од вас, бидејќи тие само ќе ве истрошат.

Скорпија

Ве очекуваат денови исполнети со искушенија и превирања. Вашите нерви се „тенки“, а толеранцијата слаба. Во некои ситуации на работа вашата гордост ќе биде повредена, но обидете се да не го покажете тоа пред другите. И покрај околностите, можен е голем напредок кој секако го заслужувате. Во љубовта ќе се откријат некои тајни, па ќе му се откриете на партнерот во ново светло. Ова ќе ви помогне да ги расчистите вашите сомнежи и да продолжите напред со чиста совест. Слободните би можеле да се вљубат во некоја комплицирана личност со која комуникацијата ќе биде тешка. Хедонистичкиот начин на живот може да предизвика здравствени проблеми. Оваа недела можни се чести промени во расположението. Посветете малку повеќе време на себе и на вашите потреби.

Стрелец

Ќе бидете опкружени со високообразовани или успешни луѓе, кои би можеле да ви помогнат во кариерата. Ве очекуваат патувања и односи со странци. Вашите квалитети ќе бидат повидливи од кога било. Оваа недела ќе бидете поблиску до остварување на подлабока релација со доверлива и сериозна личност која нема да посегнува по задкулисни игри, туку отворено ќе ви покаже што сака. Ако сте во долга врска или брак, ова е одлична недела за одмор и будење на романса. Почнете да преземате поголема одговорност за вашето здравје. Би можеле да се соочите со поизразен ментален замор, па ќе бидете раздразливи.

Јарец

Ќе почувствувате пад на енергијата и безволност, па ќе доцните со извршувањето на деловните обврски. Не ги одложувајте важните одлуки, контактите со администрацијата и потпишувањето документи. Доколку имате шанса, навистина ќе ви годат неколку слободни денови. Во љубовта нема да се задоволувате со површни разговори. Сè ќе мора да биде длабоко, силно, дури и малку драматично. Невообичаено, различни луѓе ќе влезат во вашиот живот и ќе ви се допадне некој кој се истакнува во општеството со своите самоуверени перформанси и непобитен шарм. Вклучете малку спортски активности. Идеално време е да започнете со аеробик или теретана!

Водолија

На повидок се нови проекти или промени кои ќе бараат прекувремена работа, преселба во нов работен простор, па дури и брза дополнителна едукација. Вие лесно ќе се прилагодите на новите услови. Венера продолжува да ве „разгалува“ со поволни можности, вљубувања и влегувања во нови врски. Доколку сте во брак, ќе се соочите со мали кавги и нетрпеливост, но и меѓусебна желба за помирување. Нервозата може да ви предизвика несоница, затоа најдете соодветен начин да се ослободите од фрустрациите. Не ги задоволувајте другите толку многу, особено вашето семејство, и мислете толку малку за себе.

Риби

Меркур во Рак ви носи поповолни деловни можности. Сè што било „заглавено“ сега ќе продолжи по својот тек. Време е да уживате во плодовите на вашиот труд. Ќе бидете особено креативни и полни со идеи. Вашите колеги ќе ви се восхитуваат. Не го продлабочувајте недоразбирањето со партнерот со тишина. Отворениот разговор ќе ви донесе олеснување на двајцата. Доколку сте слободни, вашата упорност да ја освоите личноста која ви се допаѓа, конечно ќе се исплати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот