Голем неделен хороскоп (26.09-02.10): Скорпиите ќе контактираат со многу луѓе, Биковите ќе реагираат брзо

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Работата и комуникацијата со луѓето оваа недела нема да ви одат од рака. Затоа, внимавајте што зборувате, не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Обидете се да заштедите што е можно повеќе бидејќи ве очекуваат непланирани трошоци поврзани со домаќинството и семејството. Можеби во вас ќе се заљуби личност која не ве интересира, или пак ќе се обидете да заборавите на брачните проблеми со повремени флертувања. Доколку сте слободни, збогатете го вашиот социјален живот бидејќи ве чекаат многу ветувачки познанства, флертувања и додворувања. Концентрацијата значително ќе ви се подобри, па ќе бидете помалку уморни и под стрес. Максимално уживајте во деновите кои се пред вас.

Бик

Ќе размислувате брзо, ќе реагирате брзо и ќе покажете одгромна доза на снаодливост на деловен план што ќе ви овозможи да се докажете пред шефовите. Сепак, немојте постојано да се туркате во прв план бидејќи ќе изгубите многу поени кај соработниците. Би можеле да запознаете личност која ќе ви даде чувство на сигурност и припадност. Ќе им се предадете на настаните без желба да ги забрзате, па новата љубовна врска ќе се развива спонтано и романтично. За некои е можен флерт на работното место. Меркур во Девица ќе биде одговорен за вашиот шарм и добро расположение оваа недела. Ќе бидете зборливи и ќе уживате во опуштени разговори во друштвото.

Близнаци

Вие решително ќе се борите за сопствените интереси. И покрај подметнувањето на поединци, ќе имате доволно сила да ги надминете пречките. Вршете ја својата работа и не учествувајте во интриги и озборувања. Ќе обожавате да си играте со зборови и да го надмудрувате партнерот. Ќе поминете многу време зборувајќи на телефон, пишувајќи и испраќајќи смс пораки со „жешка“ содржина. Доколку имате комплицирана љубовна ситуација, проблемите би можеле да почнат да се решаваат оваа недела. Оваа недела ќе имате зголемен обем на обврски, што би можело прилично да ве исцрпи. Затоа, важно е да ја пронајдете вистинската рамнотежа помеѓу работата и одморот и да најдете моменти на релаксација само за себеси.

Рак

Оваа недела од вас се очекува поголема одговорност, а вашите претпоставени ќе ви доверуваат задачи кои вообичаено се одговорност на другите. Ќе бидете незаменливи. Ќе се истакнувате во комерцијални и административни работи. Доколку се најдете во недоразбирање со партнерот, покажете ја својата сила во конкретни околности – не дозволувајте да бидете слаби. Актирајте се, ова е најлесниот начин да се надмине кризата. Не дозволувајте сите во семејството да се потпрат на вас. Вашата сила не е неисцрпна! Внимавајте на вашето здравје. Вашата концентрација исто така ќе биде во опаѓање – компензирајте го тоа со правилна исхрана и сон.

Лав

Би можеле да прифатите нова понуда која нема да ви одземе премногу време и ќе заработите добри пари. Во напнати ситуации ќе имате поддршка од поединци за кои никогаш не би помислиле дека ќе ви помогнат. Ќе му простите на партнерот за некои грешки, па подобро ќе се сложувате, иако сепак ќе има некоја тензија. Слободните Лавови би можеле да се најдат сред нова и страсна љубовна приказна. Марс во Близнаци се грижи за вашето здравје, па можете да се пофалите со добар имунитет. Ќе бидете комуникативни и пријателски расположени.

Девица

Нема да се плашите од нови обврски, но во нив ќе препознаете можност за себе. Многу Девици вешто ќе ги искористат среќните околности, но не се исклучува ниту можноста за непредвидени и зголемени трошоци, па бидете внимателни. Зад вас е периодот на кавги и напнатост. Лесно ќе се прилагодите на новонастанатата ситуација и ќе ги усогласите вашите интереси со партнерот. Подготвеноста за отстапки ќе донесе заемно задоволство. Доколку сте слободни, некој ве сака и прави се за да го забележите. Промена на фризурата или купувањето на нова облека ќе биде вистински поттик за вашата самодоверба.

Вага

Доследни сте и ориентирани кон целите. Нема да си дозволите да се повлечете пред препреките и ограничувањата. Вашиот практичен пристап кон проблемите ќе ви овозможи да најдете брзи решенија за сите ситуации. Венера во вашиот знак ве воведува во романтичен период во кој ќе се раѓаат нови љубовни приказни. Ќе бидете поподготвени да ризикувате или да се впуштите во некои љубовни игри, па дури и да преземате иницијатива во љубовта, со што ќе ја тропнете личноста која ви се допаѓа. Поради Венера и Сонцето во вашиот знак ќе почувствувате зголемен прилив на енергија и добро расположение. Нема да ве држи место, па постојано ќе бидете во движење. Не ја симнувајте насмевката од лице.

Скорпија

Ќе контактирате со голем број луѓе, ќе бидете вешт преговарач и ќе имате среќа во трговијата и посредувањето. Ќе успеете да ги усогласите вашите цели со целите на околината. Доколку сакате да освоите нечие срце ќе ви биде потребно само трпение и такт. Прерано откривање на вашите чувства може да одврати некого од вас, затоа не брзајте во ништо. Би можеле да обновите врска од минатото, а на некои некој поранешен партнер би можел да им предизвика проблеми. Многумина ќе ви позавидат на добрата фигура, но вие нема да бидете задоволни. Со интензивно вежбање и откажување од одреден вид храна, ќе се обидете да го извајате вашето тело до совршенство. Бидете умерени.

Стрелец

Ќе барате решенија и одговори на погрешни места и од погрешни луѓе. Ќе се сомневате во сопствените способности, но се работи за околности кои не се на ваша страна. Наскоро доаѓаат подобрувања. За вас сè ќе подобро оваа недела, па разнишаните бракови ќе почнат да закрепнуваат. Ако сè уште има несогласувања, не очајувајте, бидејќи на крајот на неделата и тоа ќе заврши. Слободните ќе стапат во контакт со поранешната љубов и ќе започнат одново со уште поголема жар од порано. Претерувањето со храна и пијалоци ќе доведе до дигестивни нарушувања, како и до некој килограм плус.

Јарец

Некои колеги не го поддржуваат вашиот начин на работа, но има и такви кои очигледно го попречуваат вашиот напредок. Но, имате сè повеќе сила и енергија за да ги постигнете вашите мали победи. Плановите се остварливи. Прекумерниот жар, како резултат на избрзување, ќе претставува закана за Јарците во нивната љубовна идила. Наивно ќе брзате во авантури кои би можеле да го загрозат вашиот брак или врска. Зачадените и тесни соби ќе ви наштетат. Обидете се да останете на свеж воздух што е можно повеќе. Избегнувајте големи естетски корекции, како и какви било големи стресови што може да резултираат со повреди.

Водолија

Периодот е поволен за обука и бизнис со странство. Може да ви се понуди можност за дополнително образование или понуда за работа во друг град. Нема да зажалите ако прифатите. Ќе ја искористите секоја прилика да останете во контакт со вашата љубов, било преку телефон, е-пошта или смс пораки. Среќно вљубените Водолии ќе уживаат во сите придобивки од заедничкиот живот, и покрај недовербата на партнерот кон вас. Докажете му дека нема причина да се сомнева. Убавото влијание на Венера ќе биде заслужно за вашиот убав изглед, како и за шарм со кој ќе зрачите. И вашиот љубовен живот ќе цвета, па заљубувањето исто така ќе придонесе да се чувствувате одлично.

Риби

Ќе почувствувате зголемување на работната енергија и ќе бидете подобро сконцентрирани. Можно е да дадете понуда која ќе ви ги реши финансиските проблеми. Деловниот успех е сигурен доколку се занимавате со работи поврзани со банкарство, трговија и економија. Вашите и интересите на партнерот би можеле да се разминуваат на одредено време. За да избегнете сомнеж и недоверба, разговарајте што е можно поискрено и отворено. Се наоѓате во бурен период, па слободните меѓу вас би можеле да стекнат нечија наклонетост. Почувствителните меѓу вас може да страдаат од анксиозност и чести промени во расположението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот