Голем неделен хороскоп (23-29 мај): Водолиите ќе треба брзо да реагираат, Близнаците ќе бидат несигурни

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Оваа недела би можеле да напредувате на работен план. Работите со некои недвижнини и судски процеси ќе се развиваат во ваша корист. Занаетчиите и приватните претприемачи ќе остваруваат поголем профит од вообичаеното, сега е одлично време за инвестиции. Ќе зрачите со сексапил и тоа нема да остане незабележано од луѓето околу вас, а бидејќи ќе бидете склони кон флерт, една навидум безначајна средба би можела да прерасне во вистинска романса. Ако сте во брак, време е со партнерот да почнете да правите големи планови за вашата иднина. Венера во вашиот знак ве разубавува, ќе ве интересираат различни третмани за убавина. Контролирајте го крвниот притисок и внимавајте да не настинете.

Бик

Креативноста и оригиналноста на Бикот ќе дојдат до израз овој период. Ќе ве охрабри сознанието дека вашите постапки даваат резултати. Ќе го зајакнете деловниот статус и угледот меѓу колегите, а некои ќе почнат и да заработуваат подобро. Во љубовта ќе бидете склони кон тајни, исцрпувачки врски и двојни игри со веќе зафатени партнери. Ќе се намали потребата за партнерство и чувство за заедница. Но, планетите ќе ви помогнат да ги осветлите темните одаи на љубовта и да ги пронајдете вистинските решенија. Ќе ве интересираат разни диети и детоксикации на организмот, но важно е да не претерувате за да нема повеќе штета отколку корист.

Близнаци

Потсвеста, соништата и несигурноста ќе ви ја одбележат оваа недела. Ништо нема да го загрози вашето расположение како самите вие, а тоа ќе ја намали работната ефикасност. Проверете ги податоците за да избегнете превиди и грешки. Дека вашиот партнер е инвестиран во вашата врска ќе ви покаже и времето кое го поминувате заедно. Патување и квалитетна комуникација ќе го откријат интензитетот на меѓусебните чувства. Доколку сте вљубени во некого, ве очекува малку побавен развој на ситуациите. Сонцето во вашиот знак ќе ви ја зајакне концентрацијата, па ќе бидете остри и ќе имате одлична опсервација на работите. Здравјето ќе ви биде релативно добро, но неповолниот Меркур може да биде „виновникот“ за некој вирус или болки во грлото.

Рак

Доколку претпоставениот ви понуди можност да напредувате, нема да се впуштите во тоа со голема доза на ентузијазам. Ќе се сомневате поради зголемените одговорности и стресот што ќе го придружува појавувањето на нова деловна улога. На љубовно поле ќе почнете да ги забележувате суштинските разлики меѓу вас и вашиот партнер и ќе сфатите дека се неопходни прилагодувања. Ви претстои отворен разговор – партнерот има сериозни намери со вас, кои за момент може да ве исплашат. Дајте си време пред конечната одлука. Станувате социјални и отворени за нови познанства. Активниот социјален живот ќе придонесе за вашето подобрено расположение. Негативните ефекти на Венера може да бидат причина за алергии.

Лав

На работа храбро ќе решавате проблеми во области каде немате доволно искуство или знаење. Ќе ви се исплати напорот вложен во задачи од минатото, ќе се подмират побарувањата, а веројатно и ќе ви се промени динамиката на работата. За некои од вас едно длабоко пријателство може да премине во страсна врска. Ќе почувствувате огромен наплив на чувства кои нема да можете да ги сфатите. Оставете нека ве води срцето. Не дозволувајте нечии ненамерни совети да ве оддалечат од вашите сопствени емоционални цели. Со голема ревност ќе се фрлите на вежбање, водени од желбата да стигнете до посакуваната линија за лето. Ќе бидете успешни во ова, па многумина ќе го пофалат вашиот нов изглед. Ќе бидете среќни и ќе се чувствувате се подобро и подобро секој ден.

Девица

Ќе бидете снаодливи во трговијата, новинарството и работи поврзани со компјутери и програмирање. Напредување на работа или патувањето во странство ќе ви даде нов мотив во животот. Некој јавно ќе ве пофали. Доколку сте прекинале љубовна врска, следува одредена средба, а можеби и обнова на истата. Ќе бидете мамка за зафатени луѓе, но и за оние кои се проблематични и кои можат да ви го комплицираат животот. Затоа внимавајте кому се отворате и во кого се вљубувате. Владеењето на Близнаците нема да ви се одрази добро бидејќи ќе бидете изложени на зголемен стрес и нервоза. Грижете се за вашите нерви и обидете се да си посветите што повеќе време на себе. Не занемарувајте дружење и спортски активности.

Вага

Оваа недела ќе решавате прашања поврзани со банки, туѓи финансии, барања за алиментација или распределба на имот. Ваквите ситуации успешно ќе ги решавате и на работа ќе се покажете како доверлив работник. Во љубовта нема да бидете тактични оваа недела и тешко ќе комуницирате со партнерот. Другата страна погрешно ќе ги процени вашите потреби и чувства. Можни се расправии кои за среќа ќе бидат краткотрајни, а владеењето на Близнаците ќе ви помогне да се зближите со партнерот. Доколку живеете неуреден живот и си легнувате предоцна свесни сте дека ќе бидете уморни наутро. Внесете повеќе ред во вашиот живот, не ги прескокнувајте оброците и почесто имајте овошја на вашето мени.

Скорпија

Планетите ќе ви ја одземат присебноста на работа. Подгответе се за повеќе критики од претпоставените и колегите со кои споделувате работен простор. Ќе треба да се борите, но ќе успеете и ќе напредувате! Љубовните врски ќе зрачат со упорност, а проблемите ќе ве зближат уште повеќе. Иако комуникацијата со партнерот ќе биде полоша, чувствата и телото ќе бидат погласни од зборовите. Доколку имате врска на далечина, можни се помали кавги и недоразбирања. Пред вас е недела на зголемен напор, исцрпеност и стрес. Ниту концентрацијата нема да ве служи добро, па внимавајте да не заборавите нешто важно.

Стрелец

Не ги занемарувајте деловните обврски бидејќи тие ќе се акумулираат, па нема да знаете со што да започнете порано. Шефовите ќе очекуваат многу од вас, па можно е да ви доделат многу поодговорни работи од вообичаено. Би можеле да застанете пред олтар или да се најдете на прагот на нова љубовна приказна. Во оставрување на нови познанства ќе ви помогнат ваши пријатели и познаниците. Ако работите не одат според планираното, наоружајте се со трпение. Доколку веќе некое време страдате од одредени здравствени проблеми, не ја одложувајте посетата на лекар.

Јарец

Претпоставените ќе го забележат вашиот труд и ќе бидете унапредени на подобро работно место. Ќе склучувате зделки кои ќе ви обезбедат подобра материјална моќ. Некое ваше хоби или рекреативна активност би можеле да станат значаен извор на приход. Доколку сте сингл, би можеле да запознаете интересна личност. Додворувајте се дискретно и не брзајте со поканата за излегување – уживајте во малите знаци на внимание и убавината на заведувањето. Доколку сте во подолга врска или брак, можни се одредени несогласувања кои ќе бидат поизразени кон средината на неделата. Нема да бидете во полна форма, па се препорачува да заштедите енергија и да избегнувате премногу напорни постапки. Ако имате проблеми со циркулацијата, воведете редовно пешачење или возење велосипед во вашата дневна рутина.

Водолија

Акумулираните обврски на работа оваа недела ќе бараат од вас брза акција. Не одложувајте работи кои не можат да издржат одложување. Поради непланирани трошоци, би можеле да прибегнете кон штедење или позајмување. Во љубовта ве штити доброто влијание на Венера, па во љубовната врска ќе завладее обновена физичка привлечност и емоционална хармонија. Ќе размислувате за веридба, брак, бременост. Доколку сте сами, големи се шансите да запознаете некоја привлечна личност. Оваа недела ќе бидете склони сте на промени во расположението. Но, вашата виталност е добра, па може да се каже дека сте многу издржливи и дека одлично се справувате со сите стресни ситуации.

Риби

Оваа недела е погодна за секакви истражувања и собирање информации. Доколку барате излез од финансиските проблеми, бидете подалекувидни во проценките. Можете да ја добиете работата што ја сакате. На патот кон среќата во љубовта успешно ќе надминете некои препреки, ќе бидете посочувствителни или ќе се запознаете со некој во чија близина ќе ви биде тешко да останете смирени. Сексуалната привлечност нема да биде во преден план, но затоа ќе имате одлична комуникација со партнерот! Расположението ќе ви се подобри, а со тоа ќе ви се зголеми и желбата за спортски активности. Играјте тенис или фудбал со вашите пријатели – освен што ќе се чувствувате подобро, вашата кондиција значително ќе се подобри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот