Голем неделен хороскоп (18 април – 24 април): Одличен период за Биковите, Стрелците ќе бидат ефективни…

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

На припадниците на овој хороскопски знак родени во март ги очекуваат големи промени – искористете ја можноста што ќе ви се насмевнува. Но, внимавајте бидејќи околу вас има многу луѓе кои не ве „обожаваат“. Некој може тајно да прави сплетки зад вашиот грб. Оваа недела може да ви се додворува зафатена или авантуристичка личност која сè уште не се ослободила од сенките на своето љубовно минато. Слободните би можеле да ја обноват поранешната врска или пак да се вљубат во истата личност. Овните во брак ќе се сомневаат во љубовта и чувствата на партнерот. Вие сте витални и издржливи, но ќе се соочите со проблеми како слаба концентрација и секоја работа ќе ви биде напорна. Треба да одморате повеќе, да јадете овошје и зеленчук и да вежбате.

Бик

Се наоѓате во одличен период бидејќи започнува вашето астролошко владеење – Меркур е во вашиот знак. Искористете ја оваа недела за решавање на сите поголеми обврски бидејќи сè ќе ви оди од рака. Доколку почувствувате први симптоми на вљубување, не двоумете се да го правите она што мислите дека е правилно. Ентузијазмот ви помага да ги придвижите настаните во посакуваната насока, а планетите дополнитено ќе го направат успешно вашето љубовно освојување. Многу Бикови ќе се вљубат. Ќе бидете полни со енергија па сега е време да направите некоја промена во врска со вашиот изглед. Бидете физички поактивни, но не претерувајте со напор и напор!

3 хороскопски знаци со кои не можете да се расправате: Избегнуваат конфликт по секоја цена

Близнаци

Доколку сте родени во јуни, внимавајте со кого соработувате. Не влегувајте во непотребни дискусии со шефовите и колегите. Може да станете мета на озборувања или некој прикриено ќе се обиде да ја „разниша“ вашата репутација. Ако имате некаков план во глава, не кажувајте никому за тоа. Иако силата на чувствата кон партнерот нема да биде под знак прашалник, оваа недела можно е трета личност да ви ги окупира мислите. Ќе се двоумите дали да флертувате или да се откажете од старт, но страста сепак може да ви го „замати“ умот. Затоа внимавајте какви потези правите. Вие сте ментално силни и отпорни на стрес, но вашата физичка форма нема да биде добра. Ќе бидете склони кон вируси, настинки и инфекции. Здравата исхрана ќе ви го зајакне имунитетот, а спортот или рекреацијата ќе ви ја активираат енергијата.

Рак

Може да добиете шанса да се „пробате“ во нова работа. Не дозволувајте несигурноста да ве спречи да го правите тоа, повеќе верувајте во себе и во своите способности. Ќе се појават некои нови опции кои вклучуваат напредок. Во љубовта ќе сфтатите каде сте згрешиле и лесно можете да ги поправите работите. Многу Ракови би можеле да обноват некоја врска од минатото и да започнат од почеток. Некои ќе бидат преокупирани со романтични преписки преку Интернет кои можат да преминат во долги телефонски разговори. Имате голема концентрација, па лесно памтите. Внимавајте што јадете и колку калории внесувате, ќе ви годат лесни прошетки.

Лав

Ќе ви биде потребно многу трпение и лукавство за остварување на вашите планови. Многу Лавови ќе се соочат со своите конкуренти со вербална острина, но ќе си создадат и нови непријателства. Некои планови тешко ќе се реализираат, што ќе ве направи многу нервозни. На љубовно поле ќе се однесувате заштитнички, што ќе му годи на вашиот партнер. Слободните би можеле да почувствуваат привлечност и да препознаат квалитети кај личност што досега не ја забележувале иако била во нивна блиизна. Можно е да се работи за некој кој се движи во вашата компанија или работно место. Оваа недела ќе покажете интерес за алтернативната медицина, можеби ќе почнете да вежбате јога или медитација. Обрнете повеќе внимание на исхраната.

Хороскопски знаци со психологија „земи или остави“

Девица

Од вас ќе се бара да бидете мобилни, па затоа подгответе се за бројни контакти и патувања. Не дозволувајте колегите да ги префрлат своите недовршени задачи врз вас. Ова е вашето време кога можете полесно да ги реализирате вашите планови. Во љубовта покажете разбирање за проблемите на партнерот. Можете да го одбиете со вашите арогантни реакции и да го спречите да направи нешто добро за вашата врска. Ако сте вљубени во некого, не е добар момент да направите нешто. Подобро е сега да покажете доза на трпеливост. Се наоѓате во период на зголемена исцрпеност. Работите напорно и се чувствувате нервозни, што негативно ќе влијае на луѓето околу вас. Направете пауза.

Вага

Ќе бидете исцрпени од меѓучовечките односи. Бидете љубезни кон клиентите или соработниците. Не дозволувајте другите да губат драгоцено време со вашите проблеми. Финансиската состојба Вагите нагло ќе се подобри. Слушајте ја интуицијата кога станува збор за љубовта. Не ги премислувајте работите премногу, туку препуштете се на вашите чувства. Ако вашата врска е во криза, избирете се за довербата на партнерот со искреност и отвореност. Не ги туркајте проблемите под тепих, време е да ги решите! Преполните дневни распореди и деловните грижи можат да ве исцрпат. Обидете се да живеете поуредно. Зајакнете го имунитетот со витамини.

Месечен хороскоп за април: Енергија што се појавува еднаш во животен век

Скорпија

Обидете се да ги одржувате односите со соработниците на пристојно ниво. Не се вознемирувајте за работи што не можете да ги промените, променете го само она што можете. Може да се соочите со отворени непријателства и ривалства. На Скорпиите ќе им останува малку време за љубовниот и семејниот живот оваа недела, но планетата Венера ќе дозволи тие моменти да остават трага и да ви ја дадат потребната енергија. Ќе се поврзете и ќе се зближите со некој кој живее далеку од вас или ќе се вљубите за време на престој во странство. Деновите на среќа се пред вас. Пред вас е добар период и ќе имате многу енергија. Ќе бидете среќни и расположени. Богатиот социјален живот добро ќе влијае на вашата психа.

Стрелец

Ќе бидете ефективни во работите кои бараат планирање, менаџерски вештини и донесување одлуки. Вашите уметнички и претприемачки таленти ќе бидат повидливи. Можни се и кадровски промени, нови работни места и нови работни задачи. Несигурни сте во своите чувства. Партнерот ќе ви изгледа далечен, но разговорот е најдобриот лек за сите приватни проблеми. За Стрелците кои се во сериозна врска, можно е партнерот да ве запроси или барем да предложи можност за заеднички живот. Не внимавате на вашето здравје бидејќи сте во период на голема исцрпеност и изложени сте на многу стресни ситуации.

Јарец

Доколку се занимавате со работа поврзана со медиуми, пишување и комуникација ќе ви донесе финансиски придобивки. Ќе потрошите многу време за учење и интелектуално надградување, што на крајот ќе ви се исплати. Во љубовта обидете се да не претерувате. Одвојте време луѓето кои ви значат. Ако видите дека нешто му пречи на вашиот партнер, поттикнете го да ви се отвори и разговарајте. Оваа недела е одлична за љубовни разговори и обиди за помирување. Може да имате проблеми со кожата, особено ако сте помлади и страдате од акни. Јарците имаат многу енергија оваа недела, па сите работни и домашни работи ќе ги завршите на време.

Венера во Риби: Ќе ви донесе вистинска љубов, пречекајте ја!

Водолија

Меркур ве предупредува добро да ги отворите очите и да внимавате што потпишувате и со кого преговарате или договарате нови зделки. Водолиите оваа недела би можеле да донесат некои погрешни одлуки кои можат да ве уназадат. Партнерот ќе ве опсипува со комплименти, а ви претстојат и многу романтични моменти. За оние кои се слободни, личноста во која сте вљубени би можела да биде вистинската можност за вас. Оваа недела ќе бидете постојано во движење, што поволно ќе влијае на вашето расположение и здравје. Но, внимавајте на помали повреди и несмасни падови.

Риби

Благодарение на добриот фокус, лесно ќе извршувате и по неколку задачи истовремено. Ќе можете да извршувате задачи кои од вас ќе бараат концентрација, упорност и повторување. Надредените би можеле да ве испратат на патување како претставник на вашата компанија. Благодарение на Венера која е во вашиот знак, вашите љубовни апетити растат. Ќе сакате и ќе живеете за љубовта, па можно е деновиве да се фатите како размислувате за некоја привлечна личност. Рибите во врска ќе имаат постраствен и побурен период со партнерот. Благодарение на Венера ќе се чувствувате поубави и порасположени, но Марс во вашиот знак предупредува дека не треба да претерувате со ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот