Голем неделен хороскоп (11-17 јули): Девиците ќе прават вешти проценки, Водолиите ќе читаат меѓу редови

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Работите што ќе ги завршувате сами и без директен контакт со шефовите ќе бидат успешни. Оваа недела тимската работа би можела да ве исцрпи, најмногу поради тоа што ќе се соочите со конфликт на мислења и недоволна толеранција. Во љубовта ве очекуваат нови љубовни предизвици. Љубителите на интернет комуникацијата би можеле да се зближат со личност која живее во друг град или земја. Излегувањето, дружењето и патувањето исто така можат да ви донесат нови средби. Доколку се чувствувате нервозни и раздразливи оваа недела, обидете се слободното време да го поминете во природа, тоа ќе ви помогне да се опуштите и да заборавите на грижите.

Бик

Марс е во вашиот знак, па ќе бидете борбени и проактивни. Ќе се истакнете со способноста за брзо сфаќање. Од вас ќе се очекува многу, а темпото на работа ќе биде интензивно, но вашите достигнувања ќе бидат одлични. Околностите ќе ви помогнат да излезете од лошата или здодевна врска и да уживате во сознанието дека сте многу пожелни и привлечни. Доколку сте слободни, некој ќе ве заведе и ќе ви ги „помати“ мислите. Доколку сте во долга врска или брак и чувствувате дека ви е досадно, испланирајте заеднички летен одмор кој со сигурност ќе ве зближи.

Близнаци

Оваа недела деловниот ритам ќе ви биде усогласен со вашиот физички и интелектуален потенцијал. Вашите деловни задачи ќе ги исполнувате во дадената рамка, а вашите колеги ќе ја ценат вашата сестраност и снаодливост. Личност полна со љубопитни прашања ќе ви го привлече вниманието. Таа ќе ве освои со својата проникливост, а вие ќе ја освоите со способноста да се задлабочите во сето она што таа ви го кажува. Во браковите ќе има конфликти, но повторно не толку многу што не можете да ги решите со разговор.

Рак

Експлозијата на креативноста и доброто справување со тешкотиите ќе ви помогнат оваа недела да бидете смели. На секоја препрека ќе реагирате бурно и само со силна волја ќе ги надминете тешките задачи. Ќе има и можности за напредување, затоа продолжете со истото темпо. Ќе ви биде тешко да ги изразите своите чувства. Ќе се откажете од сè и ќе му дозволите на партнерот да прави како што сака. Не ви е дојдено до кавги, но ниту до мирен разговор. Ако сте вљубени во некого, можете да го освоите со шарм, но и со упорност.

Лав

Имајте трпение за одложувања и неуспеси во спроведувањето на плановите. Многу шанси ќе ви се отворат одеднаш, но, сметајте и на препреките кои нема веднаш да се забележат. Ќе бидете се подобри и подобри во работата. Се повеќе ќе уживате во разговорите со личност со која негувате пријателски односи. На слободните им се насмевнува познанство кое ќе им ја донесе посакуваната промена во животот. Паровите кои се во врска или брак ќе имаат подобри и похармонични односи со своите партнери.

Девица

Вешто ќе ги проценувате карактерите на вашите соработници, што ќе ве заштити од погрешни одлуки. Самодовербата ќе го започне бранот на посакуваните настани. Ќе чувствувате дека ги постигнувате вашите цели полесно од вообичаено. Многу планови, страсти, зборови и пораки ќе ја обележат вашата љубовна врска оваа недела. Подгответе се и за расправии, кои ќе бидат резултат на повредена суета. Тешко наоѓате заеднички јазик. Еден од вас мора да попушти. Ослободете се од нервозата и стресот. Најсреќни ќе бидат оние кои се на одмор, бидејќи бегството од работа едноставно ќе ги оживее.

Вага

Покажете повеќе смисла за отстапки, инаку нема да можете да направите чекор понатаму. Чувствувате дека ја немате поддршката од вашите соработници, па обидете се да решите нешто на тој план и да го свртите во ваша корист. Нема да ја добиете очекуваната поддршка од партнерот, па ќе размислувате за прекин на врската. Не донесувајте избрзани одлуки. Повлекувањето од ситуацијата ќе ви овозможи објективен увид. Деловните проблеми на вашиот партнер можат да бидат причина за несогласувања и емоционални немири. Ќе имате забележителен пад на енергијата. Ќе избегнувате секаква физичка активност и претпочитате времето да го поминувате во спиење и лежење. Менталниот замор најдобро се лечи во добро друштво. Потребно ви е што повеќе движење.

Скорпија

Се наоѓате во период на нова деловна и финансиска профитабилност, која ќе опстои и покрај зголемените трошоци. Вашата популарност ќе се зголеми, особено ако вашата работа е поврзана со јавноста. Можно е важно патување. Ако барате сродна душа, создадете богат социјален живот. Колку повеќе излегувате и се дружите, толку поголеми ќе ви бидат можностите за познанства. Но, ако заведете и освоите некого, направете го тоа со такт и не брзајте со ништо. Доколку имате некакви здравствени проблеми, не лечете се сами, туку обратете се кај вашиот лекар за помош. Марс е во вашиот неповолен Бик, така што вие сте енергични, но често и напорни и невнимателни. Контролирајте се.

Стрелец

Кариерата и односите со авторитетите ќе бидат изложени на позитивни промени. Ќе се поврзете со пријателски расположени луѓе кои ќе сакаат подобро да ве запознаат и да ви помогнат да ги реализирате вашите планови. Одлучно ќе му покажете на партнерот што сакате. Длабокиот еротски наплив ќе ви донесе страсни сцени, кои ќе ве исцрпат, но во исто време ќе ве наполнат со нова сила. Ако сте сами, патувањето на море и летниот одмор можат да создадат плодна почва за бројни познанства. Обидете се да водите здрав и мирен живот, избегнувајќи максимално стресни ситуации. На работното место најмногу ќе ве нервираат заладените односи со колегите или вашиот шеф, кои ќе ви одземат многу енергија.

Јарец

Вашата избувливост може да ве наведе на погрешни изјави и потези – обидете се да ги држите вашите чувства под контрола. Грижете се за финансиите, не навлегувајте во поголеми долгови и заеми. Направете се за да ги задоволите желбите на партнерот бидејќи и самите ќе се чувствувате позадоволни. Вашата верност може да биде доведена во прашање поради некоја личност на работа која ве привлекува. Погрижете се другите колеги да не дознаат за тоа, бидејќи ќе им дадете теми за озборување. Оваа недела ќе бидете понервозни од вообичаено. Избегнувајте кафе и други стимуланси, особено алкохол.

Водолија

Водолии, бидете внимателни. Проучете ги документите, прочитајте што е напишано меѓу редови. Избегнувајте работи што повлекуваат поголеми ризици. Многу луѓе ќе имаат корист од вашиот увид. Се наоѓате во бурен период. Некои конечно ќе се вљубат, додека други ќе уживаат во поголемото внимание на партнерот. Слободните не треба да пропуштат покана за излегување на крајот на неделата, како и какви било покани за забави или прослави, бидејќи ова се идеални ситуации за познанства. Заморот и недостатокот на енергија може да се поврзани со недостаток на некои витамини. Зајакнете го имунитетот со земање витамински додатоци. Не дозволувајте некои напорни луѓе да го злоупотребат вашето време и енергија.

Риби

Ќе бидете преокупирани со барањата на вашите соработници. Може да ви биде понудена позиција која ќе бара дополнителни прилагодувања и стекнување нови вештини. Односите со претпоставените ќе добијат ново значење и ќе бидат многу поквалитетни од порано. Љубовниот живот бара длабока посветеност и постојана концентрација, без да се откажете од контролата над деталите. Во спротивно, може да ги пропуштите вистинските причини за несогласувањето. Тргнете го сомнежот со кој непотребно си го отежнувате животот себе и на партнерот. Ќе бидете во одлична форма, полни со енергија и расположени.

Видео на денот