Голем митинг на Вучиќ во Белград

Денеска ќе се одржи завршниот митинг на српскиот претседател Александар Вучиќ во рамки на неговата кампања „Иднината на Србија.

Ппокрај Вучиќ, на митингот, кој ќе започне во 18:00 часот ќе зборуваат и претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Најавено е и обраќањето на пензионираниот потполковник Драгутин Димчевски, кој е преставен како „херој од борбите на Кошаре“ во 1999 година на Косово.

Како што е најавено, Вучиќ ќе ги повика граѓаните од цела Србија да се обединат околу сите важни прашања за државата и народот, бидејќи „единството борбата за српските интереси, особено во Косово и во целиот регион, е од суштинска важност“.

Владејачката Српска напредна партија (СНС) очекува пред српското Собрание, каде ќе се одржи митингот, да се соберат над 100.000 граѓани од цела Србија.

Медиумите пренесуваат дека централните белградски улици од синоќа се затворени за сообраќај, а поради бројните возила и автобуси граѓаните се замолени да бидат во Белград до 14 часот.

Низ целиот град ќе бидат поставени видео бимови кои директно ќе го пренесуваат настанот.

Како што е најавено, до почетокот на официјалниот дел од собирот, од 16 часот ќе настапуваат Аца Лукас, „Рибља Чорба“ и Оливер Мандиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот