Голем медицински пресврт: Израелските научници го претставија првото печатено 3Д срце

Научниците во Израел претставија тродимензионално печатено срце со човеково ткиво и крвни садови, нарекувајќи го тоа прв и „голем медицински пресврт”, кој придонесува кон можностите за трансплантација.

Срцето, со големина колку на зајак, означува дека „првпат, некој, некаде успешно дизајнирал и испечатил цело срце, снабдено со клетки, крвни садови и комори, истакна раководителот на проектот Тал Двир од Универзитет Тел Авив.

Тој потсети дека и претходно се печатени 3Д структура на срце, но не со клетки и крвни садови.

Научниците велат дека постојат многу предизвици пред целосно оперативни тродимензионални печатени срца да бидат достапни за трансплантација на пациенти.

Истражувачите сега мора да ги научат печатените срца „да се однесуваат” како вистински, а потоа планираат да почнат со трансплантација кај животни.

-Можеби за 10 години ќе постојат печатени органи во најдобрите болници ширум светот и овие процедури ќе се изведуваат рутински, изјави Двир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот