„Златниот човек“ го привлече вниманието на љубителите на културата (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Во рамките на проектот „Патувањето на Златниот човек низ музеите во светот“, во Археолошкиот музеј на Македонија отворена е изложбата „Великата Степа: историја и култура“, во чиј фокус е, како што го нарекуваат Златниот човек, казахстански Тутанкамон, кого научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака.

 

На изложбата, која се одржува во рамки на проектот „Процесијата на Златниот човек во музеите ширум светот“, покрај златниот воин, се претставени речиси 200 други вредни археолошки наоди, меѓу кои и сребрената чаша од Исик со сè уште недешифриран натпис, значајна затоа што сведочи дека писменост во Великата степа во централна Азија постоела и пред три илјади години.

Од Археолошкиот музеј велат дека е привилегија да се биде домаќин на изложбата насловена „Великата степа: Историја и култура“, ако се земе в предвид фактот дека изложбата изминатите две години го привлекла вниманието на милионската публика ширум светот.

Станува збор за внимателно направен избор од најзначајните експонати од збирката на Националниот музеј на Република Казахстан.

Од музејот исто така додаваат и дека во неопходноста да се претстави што повеќе од културното наследство на Казахстан, ова претставување опфаќа поголем хронолошки период од четвртиот милениум пред нашата ера, па се до 19-от век.

Денеска, еден ден по официјалното отворање, забележителен беше интересот за посета на изложбата. Љубителите на културата, љубопитно подзастануваа до „златниот човек“, но со внимание ги разгледуваа и останатите значајни експонати.

Останатите пак, кои немаа можност да присуствуваат на свеченото отворање, имаат можност оваа уникатна поставка да ја посетат до средината на месец август, до кога ќе биде во Скопје.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот