„Златниот човек“ го привлече вниманието на љубителите на културата (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиКултураСлободна ТВ

„Златниот човек“ го привлече вниманието на љубителите на културата (ВИДЕО)

Денеска, еден ден по официјалното отворање, забележителен беше интересот за посета на изложбата. Љубителите на културата, љубопитно подзастануваа до „златниот човек“, но со внимание ги разгледуваа и останатите значајни експонати

Во рамките на проектот „Патувањето на Златниот човек низ музеите во светот“, во Археолошкиот музеј на Македонија отворена е изложбата „Великата Степа: историја и култура“, во чиј фокус е, како што го нарекуваат Златниот човек, казахстански Тутанкамон, кого научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака.

 

На изложбата, која се одржува во рамки на проектот „Процесијата на Златниот човек во музеите ширум светот“, покрај златниот воин, се претставени речиси 200 други вредни археолошки наоди, меѓу кои и сребрената чаша од Исик со сè уште недешифриран натпис, значајна затоа што сведочи дека писменост во Великата степа во централна Азија постоела и пред три илјади години.

Од Археолошкиот музеј велат дека е привилегија да се биде домаќин на изложбата насловена „Великата степа: Историја и култура“, ако се земе в предвид фактот дека изложбата изминатите две години го привлекла вниманието на милионската публика ширум светот.

Станува збор за внимателно направен избор од најзначајните експонати од збирката на Националниот музеј на Република Казахстан.

Од музејот исто така додаваат и дека во неопходноста да се претстави што повеќе од културното наследство на Казахстан, ова претставување опфаќа поголем хронолошки период од четвртиот милениум пред нашата ера, па се до 19-от век.

Денеска, еден ден по официјалното отворање, забележителен беше интересот за посета на изложбата. Љубителите на културата, љубопитно подзастануваа до „златниот човек“, но со внимание ги разгледуваа и останатите значајни експонати.

Останатите пак, кои немаа можност да присуствуваат на свеченото отворање, имаат можност оваа уникатна поставка да ја посетат до средината на месец август, до кога ќе биде во Скопје.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close