Голем хакерски напад врз веб-страниците на украинската Влада и МНР

Фото: МИА

Неколку украински државни веб-страници, вклучително и почетните страници на Владата и Министерството за надворешни работи,  денеска беа мета на голем хакерски напад, јави Ројтерс.

Украинските власти соопштија дека оваа недела виделе предупредувања на интернет дека хакерите се подготвуваат да извршат големи напади врз владините агенции, банките и одбранбениот сектор.

Украина претрпе низа сајбер напади за кои Киев ја обвини Русија. Москва, која е фатена во зголемена конфронтација со Западот околу Украина, негираше каква било вмешаност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот