Голем хакерски напад на системот за издавање зелени сертификати во Бугарија

Фото: МИА

Голем хакерски напад е извршен во Бугарија врз Националниот систем за издавање зелени сертификати. Ова го потврдија од „Информативни служби” кои во изминатите три денови неутрализирале над 400 непријателски кампањи против здравствениот сајт, јавија бугарските медиуми.

Во моментите на пикови на големиот кибер напад, системот не беше достапен и корисниците не можеа да влезат на страницата и да ги издадат своите зелени сертификати за Ковид-19.

Најголем пик на нападот бил во утринските часови на 21 октомври. За време на нападите не протекоа лични податоци, соопштија од Информативните служби.

„Информативни служби” АД е бугарски национален системски интегратор на државната администрација. Компанијата гради, одржува, развива и ја следи оперативноста на информациските системи од национално значење.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот