ГОЛЕМ ГРАБЕЖ НА АЕРОДРОМ ВО БРАЗИЛ: Се облекле како полицајци и украле 700 килограми злато

Фото: Принтскрин

На аеродромот во Сао Паоло во Бразил група на крадци облечени во полициски униформи украле повеќе од 700 килограми злато, во вредност од околу 40 милиони долари, пренесува Глобал Њуз.

Осум маскирани крадци вчера влегле во товарниот терминал со два полициски автомобила, се наведува во извештај објавен од тамошната полиција.

Потоа, вооружените разбојници ги принудиле вработените на аеродромот да ги наполнат камионите со злато, со помош на виљушкар.

Во текот на разбојничката акција, која траела околу две и пол минути, немало пукање, а била регистрирана и од страна на надзорните камери.

Пред грабежот крадците киднапирале 8 члена на семејствата на вработени на високи позиции во аеродромот со цел да добијат информации за пратките со злато.

Иако точната украдена количина не е прецизирана, се споменуваат вредности од 720 до 750 килограми.

За време на бегството, криминалците неколкупати ги промениле превозните средства, а златото во еден момент било и во медицинско комбе за брза помош. Двете полициски возила подоцна биле пронајдени во магацин, од аеродромот оддалечен неколку километри.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот