Голем гест: Компани ќе им исплати на соиграчите во Андерлехт!?

фото: твитер

Една непријатна ситуација во белгискиот фудбалски клуб кој освен резултатски, не стои добро ниту на финансиски план.

Еден од најдобрите белгиски играч и воедно екс фудбалер на Манчестер сити, Венсан Компани во овие тешки моменти на финансиски план одлучи да им помогне на своите тимски колеги.

Компани (33) кој моментно е фудбалер и тренер на белгискиот клуб Андерлехт како што пренесува „Дејли мејл“ се нуди да им исплаќа платите на своите соиграчи од тимот, доколку тие се согласат за откажување од платата поради коронавирусот.

Претходно клубот донесе одлука за скратување на платите и трошоците каде што е можно, но не беа среќни фудбалерите, кои не прифаќаат да им бидат одземени месечните примања.

Компани кој се врати во Брисел уште еднаш ја покажа љубовта кон клубот кој не му оди добро ниту на резултатски план.

Во секој случај, непријатна ситуација во белгискиот клуб. Андерлехт воедно финансиски не стои добро и мора да мисли на секое евро.

Своите најголеми успеси Компани ги имаше во Англија со Манчестер сити со кој успеа четири пати да ја освои Премиер лигата, како и Лига купот, и уште по двапати ФА купот и ФА Комјунити шилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот