Голем економски пад на членките на ОЕЦД

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) соопшти дека нејзините 37 членки бележат невиден економски пад од 9,8 проценти во вториот квартал во однос на претходниот квартал.

„Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус далеку го надмина падот на БДП од 2,3 отсто, забележан во првиот квартал на 2009 година, во екот на глобалната финансиска криза, се наведува во соопштението на ОЕЦД.

Меѓу земјите од групата седум најразвиени економии во светот – Г7, кои се членки на ОЕЦД, досега најголем пад на БДП имаше Велика Британија, од 20,4 проценти.

Следи Франција, со пад од 13,8 проценти во вториот квартал, по 5,9 проценти во првиот квартал од оваа година.

Италија забележа пад на економијата од 12,4 проценти, Канада 12 проценти и Германија 9,7 проценти, соопшти ОЕЦД.

САД имаат поблаг пад, од 9,5 проценти во вториот квартал.

Во Јапонија, каде што, како што наведува ОЕЦД, мерките за затворање биле помалку строги, БДП паднал за 7,8 проценти во вториот квартал. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот