ГОЛЕМ ЕГЗОДУС ВО ЛИБИЈА: 800.000 луѓе се упатуваат кон Европа

Војната во Либија би можела да принуди повеќе од 800.000 мигранти да тргнат кон европските брегови, предупреди шефот на меѓународно признатата либиска Влада, Фајез ел Сараџ.

– Нема да бидат само 800.000 мигранти подготвени да тргнат, туку и Либијци ќе бегаат од војната, бидејќи во јужниот дел на Либија повторно се активирале борците на џихадистичката група Исламска држава –  истакна Сараџ во интервју за италијански медиуми.

Либија е и одредиште и транзитна земја за африканските мигранти кон европските брегови.

– Соочени сме со агресивна војна, која би можела да го прошири своето зло низ Медитеранот. Италија и Европа мора да бидат обединети и строги во спречувањето на војната на Калифа Хафтар, човекој кој ја предаде Либија и меѓународната заедница, додава Сараџ, нагласувајќи дека „уништувањето ќе ги зафати и соседните земји”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот