Голем чекор за Струмица и Македонија – Отворен специјализиран фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица е отворен првиот специјализиран фитнес центар за лица со попреченост. Тој е дело на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ и на неговиот партнер Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица и има особена важност за лицата со попреченост.

Центарот е отворен во рамките на проектот „И ние постоиме“ преку RELOAD програмата (Регионална програма за локална демократија за Западен Балкан) која е финансирана од ЕУ, а спроведувана од УНДП и поддржан и од општина Струмица со 20 проценти од неговата вкупна вредност, вели новинарката Стојне Митева, која меѓу останатото говореше и за настаните кои заслужуваат внимание како центарот за жртви на семејно насилство.

„Веќе се сместени, за жал, првите жртви на семејно насилство“, додава Митева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот