Голем број на македонски фудбалери во трка за групите на Лига Европа

ffm.mk

Сите двојки во плејофот на Лига Европа се веќе јасни. Последниот македонски претставник, тетовска Шкендија синоќа загуби во Скопје од Тотенхем на Мурињо 1:3 и со тоа ги заврши настапите на меѓународната сцена ова лето.

Средбите од плеј-офот за влез во групите на ЛЕ се закажани за 1 октомври 2020 година, а таму има голем број на наши интернационалци.

Босанската екипа на Сараево на Крсте Велкоски за ривал ќе го има шкотскиот гигант Селтик, а МОЛ Фехервар од Унгарија на Висар Муслиу и Бобан Николов ќе ги одмерат силите против Стандард Лиеж од Белгија.

Албанската Тирана во чии редови настапуваат Кристијан Тошевски и Филип Најдовски гостува кај швајцарскиот Јанг Бојс.

Динамо Загреб на Аријан Адеми ќе игра против Флора Талин од Естонија, Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски ќе се обиде да биде подобар од австрискиот ЛАСК, а Дарко Велковски со Риека гостува во Данска кај Копенхаген.

Еве ги паровите во плејофот:

Јанг Бојс (Швајцарија) – Тирана (Албанија)
Динамо Загреб (Хрватска) – Флора Талин (Естонија)
ЦФР Клуж (Романија) – Купс (Финска)
Арарат-Ерменија (Ерменија) – Црвена звезда (Србија)
Динамо Брест (Белорусија) – Лудогорец (Бугарија)
Сараево (Босна и Херцеговина) – Селтик (Шкотска)
Легија (Полска) – Карабах (Азербејџан)
Дандалк (Ирска) – Клаксвик (Фарски Острови)

Апоел Бир Шева (Израел) – Викторија Плзен (Чешка)
Розенборг (Норвешка) – ПСВ Ајндховен (Холандија)
АЕК Атина (Грција) – Волфсбург (Германија)
Базел (Швајцарија) – ЦСКА-Соифија (Бугарија)
Спортинг Лисабон (Португалија) – ЛАСК Линц (Австрија)
Шарлероа (Белгија) – Лех Познањ (Полска)
Рио Аве (Португалија) – Милан (Италија)
Копенхаген (Данска) – Риека (Хрватска)
Малме (Шведска) – Гранада (Шпанија)
Тотенхем (Англија) – Макаби Хаифа (Израел)
Слован Либерец (Чешка) – АПОЕЛ Никозија (Кипар)
Стандард Лиеж (Белгија) – Мол Фехервар (Унгарија)
Глазгов Ренџерс (Шкотска) – Галатасарај (Турција)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот