Голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 без претходно изложување на вирусот

epa08605668 LAB24 team members conduct COVID-19 tests at the Mexican Consulate's parking lot in Miami, Florida, USA, 15 August 2020. The Mexican consulate, in partnership with LAB24 Laboratories, is giving free rounds of coronavirus disease (COVID-19) testing to Mexican citizens resident in Miami. EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Најмалку шест студии потврдиле присуство на антитела кон САРС-КоВ-2 кај 20 до 50 проценти од луѓето кои, колку што е познато, не биле во контакт со вирусот.

Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 и оти овој имунитет потекнува од обични настинки кои исто така ги предизвикуваат коронавирусите, пишува Бритиш медикал џурнал.

Научниците во моментов испитуваат можни имунолошки реакции на САРС-КоВ-2, со претпоставка дека голем број луѓе веќе имаат имунитет на овој вирус.

Одговорите на јавното здравство ширум светот се засноваат на претпоставката дека вирусот влегол во човечката популација без претходно постоечки имунитет. Сепак, низа студии кои идентификуваа Т-клетки кои реагираат на САРС-КоВ-2 и кај луѓе кои не биле заразени, сега поведуваат нови прашања во врска со вистинската природа на епидемијата.

Најмалку шест студии потврдиле присуство на антитела кон САРС-КоВ-2 кај 20 до 50 проценти од луѓето кои, колку што е познато, не биле во контакт со вирусот.

Во истражувањето на крвта од дарители во САД, чии примероци биле собрани меѓу 2015 и 2018 година, кај 50 проценти пронајдени се видови на Т-клетки кои реагираат на САРС-КоВ-2. Слична студија е спроведена во Холандија врз примероци собрани одамна пред пандемијата, при што антитела на САРС-КоВ-2 биле пронајдени кај две од десет лица кои не биле изложени на вирусот.

Во Германија, антитела реактивни на САРС-КоВ-2 се забележани кај дарители на крв кои се негативни на вирусот. Во Сингапур, анализа на примероци земени од луѓе кои не биле во контакт со САРС или Ковид-19 покажа дека кај 12 од 19 случаи потврдена е реактивност на САРС-КоВ-2, како и кај седум од 11 лица кои биле негативни на вирусот. Реактивност на САРС-КоВ-2 е забележана и во Велика Британија и Шведска, кај луѓе кои претходно не биле изложени на вирусот.

Резултатите од овие студии, иако се мали во обем, тешко е да се игнорираат, иако сепак не даваат прецизен увид во претходно стекнатиот имунолошки одговор на САРС-КоВ-2.

Научниците се убедени дека се на пат да се утврди потеклото на тој имунолошки одговор.

Даниела Вајскоф, една од авторките на студијата, истакна дека се претпоставува оти станува збор за имунитет кој потекнува од обични настинки, кои исто така ги предизвикуваат коронавируси. До сличен заклучок дошле и научници во Сингапур, но тие забележале дека реактивноста на Т-клетките може да потекнува од некои други коронавируси, можеби и од животински.

Оваа претпоставка, за која се потребни дополнителни истражувања, може да доведе до ревизија на начинот на кој треба да се утврди чувствителноста на населението и да се следи степенот на ширење на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот