Голден Стејт не се предава, дојде до четвртата победа во низа (ВИДЕО)

твитер

Голден Стејт пред своите навивачи го совлада Феникс санс со 105:96 со што им го нанесе осмиот пораз во низа на „сонцата“.

Феникс во последната четвртина влезе со предност од 12 поени (78:66) но „воините“ кога беше најпотребно го покажаа шампионскиот карактер и иако играат своите најдобри играчи, Стеф Кари и Клеј Томпсон, ја решија четвртината во своја корист со 38:19 и дојдоа до четвртата победа по ред.

Предводник на Голден Стејт беше Деанџело Расел со 31 поен, Демион Ли даде 16 поени, а кај Феникс најпрецизен беше Девин Букер со 34 поени.

Милвоки бакс е фантастичен сезонава и може да победува без првата ѕвезда Јанис Адетокумпо. Милквоки со 112:86 ја совлада Атланта, а влескаа Крис Мидлтон со 23 поени и Ерсан Илјасова кој имаше дабл-дабл од 18 поени и 17 скока.

Резултати:
Шарлот – Оклахома сити 102:104
Орландо – Филаделфија 98:97
Атланта – Милвоки 86:112
Мајами – Индијана 113:112
Голден Стејт – Феникс 105:96.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот