Голден Стејт му нуди нов договор на Дурант

twitter.com/ESPNNBA

Дурант кој ова лето ќе биде слободен агент поради повреда ги пропушти првите четири дуели од финалето со Торонто, се врати на петтиот и повторно се повреди.

Тој има повреда на Ахиловата тетива и може да пропушти поголем дел од новата сезона, но и покрај тоа, раководството на „воините” е подготвено за нова соработка.

– Повреда на Ахиловата тетива. Не знам колку е тешка, ќе оди на прегледи. Ја разбирам јавноста, ако некого обвинувате, слободно мене можете да ме обвинувате. Јас сум одговорен за кошаркарските операции на оваа екипа – истакна генералниот менаџер на Вориорси, Боб Мајерс.

Голден стејт губи со 2:3 во финалето против канадскиот тим. Шестиот натпревар ќе се игра ноќта меѓу четврток и петок во Оукленд со почеток во 03.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот