Голден Арт КЛ 7 се засили со две имиња освојувачи на Лига на шампиони

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона во Супер Лигата, го засили стручниот штаб со двајца европски шампиони.

Дебитантот во Супер Лигата, Голден Арт КЛ7 во новата сезона ќе биде засилен и во стручниот штаб со две имиња кои беа дел од РК Вардар, Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска.

Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија и е дел од ракометната репрезентација.
Тој ќе се грижи за здравјето на ракометарите, ќе работи со повредени играчи за време на рехабилитацијата заедно со целокупниот докторски тим, подготовка за тренажен процес и превенција од повреди.

Билјана Црвенкоска 20 години беше активна ракометарка, репрезентативка, и беше дел од тренерскиот тим на Роберто Гарсија Парондо кога Вардар минатата сезона триумфира во ЛШ.
Црвенковска ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа, а ќе биде и помошник тренер на Андон Бошковски во првиот тим.

–  Со ова сакаме да покажеме дека ние како тим ќе вложуваме средства и максимален напор во стручни капацитети со цел на добивање квалитетни ракометари од македонско производство – вели спортскиот директор на „Голден Арт КЛ7″ Милчо Чакарески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот