„ГОЛА ПАРАДА“: Илјадници активисти ширум светот уапсени, во Австралија демонстрантите маршираа без облека

фото: Профимедиа

Деновиве можеби сте слушнале за протестите на групата „Екстинкција бунт“, климатски активисти кои веќе неколку дена протестираат во делови од светот, како Австрија, Германија и Франција, па се до јужната хемисфера, Австралија и Нов Зеланд. Меѓу другото, тие бараат од владите да прогласат вонредна состојба за климатските промени.

Најжешко беше во Лондон. Тамошната полиција уапси повеќе од илјада луѓе. Тие се обидоа да ги блокираат патиштата, аеродромот и јавниот сервис „Би-Би-Си“, чиј влез исто така беше блокиран.

Австралијанците се раскомотија

Најдалеку отидоа Австралијанците. Тие се соблекоа, па протестираа. Денес беше нивниот шести ден на протести, но за разлика од Велика Британија, во Мелбурн немаше инциденти на „голата парада“. Можеби токму голотијата да биде инцидент, но ниту едео лице не беше уапсено.

Интересно е што во Австралија, до ден денес, полицајците имаа полни раце работа, што призлегува дека без облека сè минуваше мирно.

Тела како транспаренти

Повеќето демонстранти на себе ја задржаа долната облека, а имаше и такви што ги користеа своите голи тела како транспаренти. „Компатибилно богати“, „Престанете со истребувањето, започнете со востанието“ се само дел од пораките што ги испратија.

Движењето, акцијата ја почна минатата година, а координираните протести ширум светот овој октомври покажуваат дека тие стануваат посериозни. Тие се препознатливи по знакот на песочен часовник како симбол за истекот на нашето време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот