„Гола месечина“ од 28 септември до 3 октомври

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи следната недела, почнувајќи од 28 септември до 3 октомври. Како што информираат од општина Аеродром, фестивалот ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.
-Поради почитување на мерките, оваа година „Гола месечина“ ќе биде на нова локација, на
фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар.
Фестивалот на комедијата годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публиката ќе бидат отворени од 19 часот, велат од Аеродром.
Фестивалот на комедија „Гола месечина“ е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот