Гол трчал низ улици откако бил нападнат од страна на поранешното момче на девојката (ВИДЕО)

Принтскрин

На снимката од безбедносните камери се гледа моментот кога мажот бега од куќата откако бил нападнат од страна на поранешното момче на својата бремена девојка. На снимката се гледа и како крвари мажот.

Неименуваниот маж (38) спиел во куќата на својата девојка во Мелбурн, кога во недела околу 5 часот наутро го нападнал нејзиното поранешно момче.

Трудницата (24), која го носи бебето на напаѓачот, во тој инцидент не била повредена, пишува dailymail.co.uk.

Во очајниот обид да си го спаси животот, нападнатиот маж, кој бил и гол, трчал по улиците крварејќи од стомакот.

Комшиите раскажале како слушнале врискање и бучава, а потоа виделе как отрча гол маж.

Жртвата се наоѓа во болница и е во тешка состојба, а напаѓачот уапсен. Тој е обвинет за обид за убиство, обивање на дом и намерно нанесување на тешки повреди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот