Гол шоу на Марсијал, прв хет трик од заминувањето на Ферги! (ВИДЕО)

фото: твитер

Моќно враќање на Манчестер јунајтед на терените оваа сезона во Премиер лигата, на „Олд Трафорд“ во рамките од 31 коло го совлада Шефилд јунајтед со 3:0.

Одлична партија имаше Ентони Марсијал кој ги реализираше сите голови за „црвените ѓаволи“ за вкупно 13 победа сезонава.

За првпат откако се пензионираше славниот Сер Алекс Фергусон, играч постигна хет трик за Манчестер јунајтед.

Моментно играчите на менаџерот Оле Гунар Солксјер се на петтото место со 49 бодови, само два помалку од Челси кој својот меч ќе го има в четврток во дербито со Манчестер сити.

Денеска се одиграа уште средбите Њукасл-Астон Вила 1:1, Норич-Евертон 0:1 и Вулверхемптон-Борнмут 1:0. Од 21.15 часот се одигра дуелот на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот