Гол од корнер во Премиер лигата, мајсторија на Ешли Вествуд! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

После само 93 секунди игра Барнли го имаше најбрзиот гол на гостински терен во историјата на најсилното англиско фудбалско првенство.

Фудбалерите на Барнли го совладаа Саутемптон на гостувањето во 26. коло од Премиер лигата со конечен резултат 1:2 (1:1).

Дуелот на југот од Англија го одбележа играчот за врска во гостинската екипа, Ешли Вествуд, кој постигна гол директно од корнер.

Беше тоа погодок за водство на екипата на Шон Дајш во втората минута од средбата. Изведе еден многу незгоден корнер, наместо Дени Ингс да ја отстрани опасноста, тој по грешка ја пропушти, а голманот Дени Мекарти не реагираше правовремено.

После само 93 секунди игра тоа е најбрзиот гол на Барнли на гостински терен во историјата на најсилното англиско фудбалско првенство.

Израмнувањето дојде во 18. минута, Ингс се поправи за својата грешка и стрелаше во мрежата на Поуп за одржување на шансите на „светците“ за позитивен резултат на средбата.

Но, тоа на „Ст. Мери’с“ стадионот не го дозволи Видра кој се запиша во листата на стрелците со еден прекрасен удар во 60. минута после асистенцијата на Хендрик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот