Ѓоковиќ заплака кога зборуваше за Коби: Ми беше ментор и пријател (ВИДЕО)

Српскиот тенисер во четвртфиналето го победи Милош Раонич во три сета и си обезбеди пласман во полуфиналето каде го очекува пресметка со Рожер Федерер.

По мечот, Ѓоковиќ на теренот имаше интервју со Џон Мекинро, а едно од прашањата беше поврзано со трагично загинатиот Коби Брајант. Коби и Новак беа големи пријатели и поради трагичната смрт на легендарниот кошаркар го потресе бранителот на титулата на Австралија Опен.

– Не знам што да кажам. Оваа вест не фати неспремни. Тој беше еден од најдобрите спортисти на сите времиња и инспирираше многу луѓе ширум светот, а меѓу нив бев и јас.

Имав среќа да бидам пријател со него десетина година. Секогаш кога ми беа потребни поддршка и совет, Коби беше тука за мене. Ми беше ментор и пријател и срцепарателно е да се види што им се случи на Коби и неговата ќерка – изјави Новак кој потоа не можеше да ги скрие солзите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот