Ѓоковиќ во финалето, за трофејот против Милман! (ВИДЕО)

twitter.com/atptour

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со победата над Белгиецот Давид Гофан од 6:3, 6:4 се пласираше во финалето на турнирот во Токио.

На дебито во главниот град на Јапонија дојде до самата завршница со нова убедлива партија, за точно еден час, по еден „брејк“ во двата сета.

За трофејот ќе се бори со Џон Милман од Австралија, кој претходно го совлада Американецот Рели Опелка со 6:3, 7:6 (7:4).

Србинот го обезбеди своето 110 финале во кариерата и в недела ќе атакува на 76 АТП титула. Турнирот во Токио, од серијата 500, се игра за награден фонд од 1.825.290 долари.

После овој турнирот најавено е дека Ѓоковиќ ќе настапи на мастерс турнирот во Шангај (Кина) на тврда подлога каде што ја брани титулата, а на стартот ќе игра со подобриот помеѓу Шаповалов и Тиафо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот