Ѓоковиќ ужива во последната недела на тронот

twitter.com/betcoza

Новак Ѓоковиќ ќе ја загуби првата позиција, бидејќи на 4. ноември се бришат поените од минатогодишниот мастерси во Париз и Лондон, а на чело доаѓа Рафаел Надал.

Србинот моментно има 9.545 бодови, односно само 320 бодови повеќе од Шпанецот. Зад нив следуваат Рожер Федерер, Данил Медведев, Доминик Тим, Александер Зверев и Стефанос Циципас.

Русинот Карен Хачанов напредуваше за едно место и сега е осмо, Италијанецот Матео Беретини скокна за две позиции и се наоѓа на деветтата позија што е негов најдобар пласман во кариерата, додека првата „десетка“ ја комплетираше Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Да додадеме уште дека по освојувањето на титулата во Базел, Федерер одлучи да се повлече од турнирот во Париз, пренесува прес-службата на натпреварувањето.

АТП ранг листа (28 октомври):

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.545 бодови

2. Рафаел Надал (Шпанија) 9.225

3. Рожер Федерер (Швајцарија) 6.950

4. Данил Медведев (Русија) 5.740

5. Доминик Тим (Австрија) 5.495

6. Александар Зверев (Германија) 4.335

7. Стефанос Циципас (Грција) 3.830

8. Карен Хачанов (Русија) 2.830

9. Матео Беретини (Италија) 2.705

10. Роберто Баутиста Агут (Шпанија) 2.575

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот