Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека се бори за сите играчи

twitter/#AusOpen

Првиот светски рекет побара на тенисерите да им бидат исплатени трошоците за патување во САД доколку турнирите бидат откажани во последен момент.

Раководството на Здружението на тениски професионалци (АТП) одржа онлајн конференција со водечките играчи, а фокусот беше ставен на продолжението на сезоната закажана за 14 август.

Турнирите беа запрени во март поради пандемијата од коронавирус, а заради влошената епидемиолошка состојба во САД со новиот вирус „Ковид-19″, челниците и играчите на АТП се согласија да ја донесат конечната одлука за продолжување на сезоната на крајот на јули.

Тоа е серија турнири на американско тло кои би претходеле на „УС Опен“, кој е на програмата од 31 август до 13 септември во Њујорк.

Првиот човек на Советот на играчи, и најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ побара на тенисерите да им бидат исплатени трошоците за патување во САД доколку турнирите бидат откажани во последен момент.

Воедно од ВТА исто така побараа од спортистите внимателно да го следат развојот на ситуацијата во Соединетите држави пред да се решат да учествуваат на турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот