Ѓоковиќ: Цел е титулата на Ролан Гарос

EPA-EFE/JASON SZENES

Новаќ Ѓоковиќ оваа година на турнирите на земја има само една цел, триумф на вториот Гранд слем, Ролан Гарос, а настапите на Мастерс турнирите се во втор план. Како најголема пречка во остварувањето на целта го означи „кралот“ на земјените терени, Рафаел Надал.

– Цел ми е триумф на Ролан Гарос и тоа не е некоја тајна. Само на овој Гренд слем турнир имам еден триумф и би сакал барем уште еден трофеј. Рафа Надал е фаворит на сите турнири кои се играат на земја и тоа не се менува со години. Не е важно како се чувствува, следев неколку тренинзи на Рафа во Монте Карло и ми изгледа одлично. Доколку е физички подготвен тој дефинитивно е број 1 на оваа подлога, а после него се е отворено – вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ уште еднаш изрази воодушевување од игрите на Роже Федерер кој и со 38 години е еден од најдобрите, а не ги заборави ни младите каде највеќе од сите, отскокнува Александар Зверев.

– Роже е еден од фаворитите, нормало поголми шанси има на останатите Гренд слем турнири но во минатото го освојувал и Ролан Гарос. Минатата година не играше на турнирите на земја, но неговата игра отсекогаш била врвна. Освен една година кога го смени рекетот и падна на 7,8 место и потоа се повреди па падна и до 15 место но и тогаш играше само за 10,20 проценти послабо од вообичаеното. Убеден сум дека Зверев е иден Гренд слем шампион, тој игра одлично годинава, а со тренер како Иван Лендл само ќе напредува – вели Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот