Ѓоковиќ: Тим е комплетен, го гледав неговиот меч со Рафа!

epa08772455 Novak Djokovic of Serbia (L) and Dominic Thiem of Austria (R) pose for photographs during a press conference of the Erste Bank Open ATP tennis tournament in Vienna, Austria, 25 October 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Новак Ѓоковиќ вели дека Доминик Тим (Австрија) е комплетен играч и дека го очекува неизвесен меч во полуфиналето на АТП завршниот турнир во Лондон.

Српскиот ас со 6:3 и 7:6 (4) го совлада Германецот Александар Зверев и се пласираше во наредната фаза, а новиот дуел ќе го има денеска од 15.00 часот против австрискиот натпреварувач. Од 21.00 часот Данил Медведев (Русија) ќе се соочи со Рафаел Надал (Шпанија).

– Доминик е Грен слем шампион и доста напредуваше во играта на брза подлога, иако е специјалист за на земја. Доста брзо игра, применува напаѓачки тенис и ја има комплетната игра, се снаоѓа и на мрежа, може да погоди било кој агол на сервис. Го гледав неговиот меч со Надал, одигра фантастично. Имавме маратонски меч минатата година, се надевам дека ќе биде еден убав дуел и сега, само со поразличен исход – мислејќи Ѓоковиќ на минатогодишниот пораз од Тим во „тај-брејк“.

Од основната линија Србинот може и најдобро играше во првите седум гема на мечот со Медведев, од кој единствено загуби во групата.

– Да, во првите седум сега бев добар од основната линија, но Медведев е играч кој тера на долги размени, помалку греши и поразлична е ротацијата на топките кои ги испраќа во споредба со Зверев. Сега немаше толку долги размени, да, нив ги имаше, но генерално кога ми беше потребно, наоѓав клучен удар, прв сервис, го отворав теренот и го терав на грешки – додаде Ѓоковиќ.

ВИДЕО: Медведев без загубен сет до меч против Надал!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот