Ѓоковиќ свесен дека публиката во Лондон ќе навива за Федерер

twitter/ATP Tour

Новак Ѓоковиќ со убедлива победа над Матео Беретини го стартуваше настапот на Мастерсот во Лондон но веќе за два дена го очекува далеку посериозен противник, Доминик Тим или Роже Федерер.

Новинарите по победата над Беретини ги интересираше како ќе се чувствува во О2 Арената во Лондон кога ќе игра против Федерер, бидејќи огромен дел од публиката ќе навива за Швајцарецот.

– Ја разбирам поддршката за Федерер бидејќи тој ја заслужи. Научив како да се носам со тоа и немам намера да го менувам пристапот сега. Ќе го прифатам тоа и ќе се сконцентрирам само на играта – изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ исто така изјави дека не очекува Федерер во нивниот дуел да има посебен мотив поради поразот во финалето на Вимблдон.

– Не очекувам дека ќе има посебен мотив. Неговата ментална сила е неверојатна и одлично знае како да се носи со поразите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот