Ѓоковиќ со шампионски старт на „Вимблдон“ (ВИДЕО)

Ѓоковиќ го елиминираше 57 играч на светот, Филип Колшрајбер од Германија со резултат 3:0 по сетови 6:3, 7:5 и 6:3. Првиот светски рекет до победата во Лондон дојде после точно два часа и две минути.

Најголема неизвесност се водеше во текот на вториот сет, каде што Германецот отвори со предност од 2:0 се до 11 гем кога неговиот ривал му одзема сервис и поведе со 6:5.

Ѓоковиќ после тоа без загубен поен го освои гемот на свој сервис и стекна позитива од 2:0. Нареден противник на Србинот ќе биде Денис Кудла кој на стартот го совлада Тунижанецот Малик Џазири со 6:4, 6:1 и 6:3.

На останатите дуели од машкиот турнир победи забележаа до сега уште Типсаревиќ, Андерсон, Лопез Баутиста-Агут, Опелка, Вавринка, Мајер, Дарсис и Сепи.

Кај жените успешни беа Херцог, Бузкова, Гаспарјан, Кенин, Кијз, Ватсон, Сакари, Свитолина, Јастремска, Мартиќ, Контавејт, Плишкова, Голубиќ, Рибарикова, Мухова, Бузарнеску, а седмата носителка Хале со 6:4 и 7:5 славеше против Белорусинката Саснович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот